Поранешен ирански преговарач најави претседателска кандидатура

Од:

Поранешниот ирански преговарач за нуклеарни прашања, Хасан Рохани, вчера соопшти дека ќе се приклучи во претседателската трка, а актуелниот шеф на државата Махмуд Ахмадинеџад го обвини дека државата непотребно ја изложи на штетни економски санкции.

Шеесет и четиригодишниот Рохани е припадник на умерената конзервативна партија и во говорот пред приврзаниците во Техеран вети дека доколку победи на изборите ќе го спаси стопанството.

Рохани е еден од 10 –те кандидати кои ќе влезат во трката за претседателското место.

Тој во 2003 година ги водеше преговорите со Запад, во рамките на кои Техеран го прифати мораториумот на нуклеарниот програм кој траеше околу две години..

Конечната листа на кандидати треба да ја одобри Советот на чувари, кој го контролираат верски конзервативци, именувани од врховниот водач Ајатолах Али Хамнеи. Според уставот на Иран, Ахматинеџад кој е на власт од 2005 година, нема право да се кандидира за трет мандат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел