Поранешен „Блеквотер“ ќе обучува батаљон на украинската армија

Од:

Американската приватна воена компанија Академија (поранешен – Блеквотер) соопшти дека е подготвена да почне со обука на батаљон на украинската армија за улични борби, изјави за Тас воено-дипломатски извор.

Академија на властите во Киев им потврдила дека е подготвена да прифати повик на ГШ на украинската армија и од јануари да почне со обука на експериментален батаљон од 550 луѓе, наведува изворот.

Обуката би траела еден месец, а вклучува усовршување на гаѓање во градски услови, делување на мали ударни групи во урбани услови, борба гради-во-гради, како и логистичка поддршка за батаљонот.

Планирано е обуката да се изврши во центарот Јаворов и би чинела 3,5 милиони долари.

Пред неколку денови Русија објави нова верзија на својата воена доктрина во која за првпат активностите на странски приватни воени компании во близина на руската граница се третираат како закана.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17