Индонезиските власти денеска повторно го затворија аеродромот на индонезискиот остров Бали, откако вулканот Раунг продолжи да исфрла пепел, што се движи кон аеродромот, јави ДПА.
Аеродромот „Нгурах Рај“ беше времено затворен денеска во 9:30 часот по локално време, речиси 24 часа откако беше отворен вчера.
Затворањето на аеродромот остави голем број патници блокирани на туристичкиот остров.