Поради секс со тинејџери, наставничка осудена на 2,5 години затвор

Од:

Наставничката од Беркшир, Ема Веб е осудена на 32 месеци затвор поради секс со тинејџери.

Четириесетидвегодишната мајка на две деца спиела со четири момчиња, додека со петмина други разменувала сексуални пораки и им испраќала нејзини фотографии.

Момчињата од 15 до 17 години ги мамела со брза храна и возење со автомобил. Потоа ги носела во училишните простории, во блиската шума или во нејзиниот дом кога нејзиниот сопруг и децата не биле таму.

Веб дури била предмет на потсмев меѓу момчињата кои истовремено биле во врска со неа.

Судијата, Џон Рединхју ја осуди за 30 сексуални дела за кои се изјаснила виновна, затоа што влијаела на тоа момчињата да имаат нарушувања во однесувањето кон жените или во сексот.

Веб признала 16 обвиненија, во која се товари за сексуални активности на лице од доверба со деца, три за наведување на дете на сексуален чин, шест во кои лицето од доверба го наведува детето на сексуален чин, три за наведување дете да гледа сексуален чин и едно за сексуална активност со дете.

Нејзиниот адвокат се обидел да ја брани со тоа што рекол дека нејзиното однесување е предизвикано од траума која обвинетата ја доживеала откако нејзиниот брат е убиен.

– Со секое дете разговарала за нејзиниот брат. Можеби барала некој вид на утеха, рече правничката Џенифер Едвардс, додавајќи дека неколку тинејџери навистина биле млади, но биле на прагот на машкоста. Тоа се однесувало на изјавите на неколку момчиња кои рекоа дека не се чувствуваат емотивно оштетено поради тоа што се случило.

Веб никогаш не била осудувана. Откако ќе ја отслужи казната, ќе и биде доживотно забранета работа со деца и ќе биде внесена во регистарот за сексуални престапници.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

А1он