Поради пијан екипаж, руски брод задржан во Полска

Од:

Поморската канцеларија на полскиот град Гдањск денеска потврди дека вчера бил задржан рускиот брод „Руслана“. Бродот се движел кон плажата на островот Собјешево, надвор од навигациската рута и за малку ќе се насукал, јавуваат локалните медиуми.

Во последен момент била избегната несреќа, откако бродот на еден километар од брегот и на само неколку метри од плитката вода наеднаш завртел и се вкотвил во пристаништето во Гдањск. Засега не е јасно дали екипажот конечно изреагирал на предупедувањата на полските крајбрежни власти.

Проверката од полските власти утврдила дека членовите на екипажот, меѓу кои и капетанот, биле пијани.

Бродот е засега во Гдањск каде му се прават мали поправки. Русија не го коментираше индицентот.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад