Поради нападот стопирана предизборната кампања во Велика Британија

Од:

Британските политичари ја стопираа националната кампања за предвремените парламентарни избори закажани на осми јуни по синоќешниот напад во Лондон, при што загинаа шест луѓе, објави на Твитер уредникот на политичката рубрика ИТВ, Роберт Пестон.

– Од овој момент политичарите денеска ќе ја стопираат националната кампања, но локалната кампања ќе продолжи, напиша Пестон на Твитер.

– Конзервативната партија денеска нема да води кампања на национално ниво. Ќе размислиме во текот на денот, како што ќе пристигнуваат повеќе детали, истакна портпаролот на Меј.

Опозициската Лабуристичка партија се уште не се има изјаснето за стопирање на кампањата.

Британската полиција соопшти дека во синоќешниот напад на Лондонскиот мост загинале шест луѓе, а тројцата напаѓачи се елиминирани од полицијата.

Напаѓачите со возило удриле во пешаците на мостот, а потоа со ножеви нападнале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу. По инцидентот хоспитаизирани се 48 лица.

– Вооружените полицајци многу брзо и храбро реагираа и се судрија со тројцата осомничени мажи, кои се убиени на пазарот Бороу. За жал починаа уште шест лица, изјави шефот на британската антитерористичка единица Марк Роули.

Тој додаде дека осомничените се застрелани осум минути по првиот примен повик за помош.

Роули посочи и дека осомничените носеле лажни експлозивни елеци.

Инцидентите на Лондонскиот мост и пазарот Бороу прогласени се за терористички напади, додека третиот инцидент што се случи во Вокскол, Лондон, каде имаше прободување со нож не е поврзан со претходните два.

Лондонскиот мост и пазарот Бороу се познати по ноќниот живот.

Се уште никој не презел одговорност за нападите, но Исламска држава ги поздрави синоќешните инциденти во Лондон.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он