Самитот на земјите членки на ЕУ од Јужна Европа, што беше планиран да се одржи во текот на овој месец, е одложен поради кризата околу Каталонија, соопшти вечерва Кабинетот на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес.
Во кусото соопштение само се посочува дека Самитот ќе се одржи кон средината на декември.
На Самитот на Јужна Европа учествуваат шефовите на држави или влади на Грција, Италија, Кипар, Малта, Португалија, Франција и Шпанија.