Поради имигрантите стабилен пораст на населението во Шведска

Од:

Шведското население е во постојан пораст со години наназад. На почетокот на јули годинава во Шведска се регистрирани вкупно 9.596.436 жители.

Според најновите податоци од шведското Централно статистичко биро (СЦБ), станува збор за пораст на населението за 40.543 лица во првата половина на 2013 година.

Во еден дел шведски општини е забележан пораст на населението за околу два процента.

Ваквиот развој се должи главно на зголемениот обем на имиграцијата во Шведска.

Најголемата група доселеници во изминатиот полугодишен период се сепак шведски државјани, кои се враќаат во земјата по извесен период на привремен престој во странство по разни основи.

Според најновите статистички показатели, најголеми воневропски имигрантски групи, кои во значителен дел даваат придонес во процентуалниот пораст на шведското население, се Сомалијци, Сиријци и Авганистанци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата