Поради филмот „Линколн“, Мисисипи конечно го забрани ропството

Од:

Американската сојузна држава Мисисипи вчера, со задоцнување од дури 148 години, и формално го ратификуваше 13 амандман на Уставот на САД со кој се забранува ропството.

Овој потег, да се формализира ратификувањето на амандманот кој веќе бил усвоен од страна на Конгресот на Мисисипи, бил мотивиран од граѓани кои го гледале филмот Линколн на Стивен Спилберг.

Тринаесеттиот амандман е една од трите дополнувања на американскиот Устав изгласани по крајот на Граѓанската војна, во 1865 година, и со него се забранува ропството или присилното слугување, освен како казна за која личноста е осудена.

Американските сојузни држави го усвоиле овој амандман уште истата 1865 година, вклучително со поддршка и од најголем дел на државите на Југот, кои се бореле за задржување на ропството во Граѓанската војна.

Делавер, Кентаки и Мисисипи одбиле да го ратификуваат овој амандман, но тој добил сила на целата територија на САД со неговото усвојување од страна на три четвртини од државите. И покрај тоа што амандманот веќе бил прифатен, Делавер гласал за неговото усвојување во 1901 година, Кентаки во 1976 година, додека државата од длабокиот југ, Мисисипи, конечно го усвоила со едногласно гласање во двата дома на нејзиниот Конгрес во 1995 година.

Но, властите на Мисисипи не го испратиле актот на ратификување на амандманот до Вашингтон со што тој не добил правна сила на ратификување на уставен амандман.

Дури годинава, а особено по прикажувањето на филмот Линколн, во кој се обработува темата на Граѓанската војна и укинувањето на ропството, граѓани се заинтересирале за тоа дали Мисисипи го комплетирала процесот на ратификување на овој амандман.

Еден од овие граѓани, Кен Саливен од Мисисипи, бил меѓу тие што реагирале до администрацијата на Конгресот конечно да го испрати актот до Вашингтон, со што Мисисипи и официјално го прифаќа амандманот за укинување на ропството.

– Сега, овој акт конечно е и официјално забележан, и покрај името на Мисисипи не стои знак на прашалник, изјави Саливан.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски