Перуанските власти наложија денеска евакуација на 4.000 луѓе кои живеат во близина на вулканот Убинас, кој исфрла облаци пепел со висина до четири километри.
Министерот за земјоделство Хуан Бенитес изјави дека за нивната евакуација ќе бидат потребни три дена, јави АП.
Најмногу се загрозени две јужни области на Перу.
Министерството за здравје на таа земја соопшти дека досега се јавиле 40 луѓе кои се жалеле на воспаление на очите и стомачни проблеми поради пепелта, која уште од 29. март ја исфрла вулканот Убинас.
Овој вулкан висок повеќе од 5.600 метри, е најактивен во Перу.