Поради безбедносни причини белгиското кралско семејство користи лажни пасоши

Од:

Членовите на белгиското кралско семејство при своите патувања во странство користат фалсификувани пасоши, поради безбедносни причини.

Како што јави БТА, патните исправи со псевдоними, наместо со вистинските имиња, на членовите на кралското семејство, им биле издадени од Министерството за надворешни работи.

Ваквата информација ја потврди и поранешниот шеф на белгиската дипломатија Марк Ејскес, кој објасни дека мерката била преземена уште одамна.

Министерството потврди дека во патните исправи се напишани имиња, кои им се дадени од официјалните власти, односно од кралската палата. На пример, кралот Филип за време на патувањата во странство користи пасош под името Филип Дермил.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски