Популаризирани имиња во 2014: Продолжуваме да зборуваме за овие луѓе и стории

Од:

Ен-Би-Си – Њујорк

Тие го привлекоа нашето вниамние, не држеа на штрек, не плашеа, не воодшуевуваа, не инспирираа, не полудуваа и не смееја. Распалуваа страсни дебати и го менуваа нашиот свет. Повеќето од нас никогаш претходно не слушнале за нив. А еве ги новите популаризирани имиња во 2014.

Адел Дизем

На церемонијата на наградите Оскар на филмската академија, Џон Траволта требаше да не запознае со една од номинираните песни „Лет ит гоу“, која ја изведе познатата пејачка и актерка Идина Менцел. Тој го згреши нејзиното име и ја нарече Адел Дазим, со што ги налути нејзините обожаватели и распали безбројни случувања на интернет, меѓу кои и созздавање на генератор за имиња насловен Адел Наизм. Траволта се извини. Менцел ја издржа ситуацијата со достоинство и смеење. Подцна истата недела се појави најава во „Плејбил“ за нејзиното ново шоу, „Ако/Тогаш“, каде се најави дека карактерот на Менцел ќе го игра почетничката со име Адел Дазим.

Боко Харам

Муслиманската екстремистичка организација, чие име може да слободно да се преведе со „Западното образование е грев“, прави маскари низ Нигерија повеќе од една деценија. Но, малкумина Американци знаеја за неа се до април, кога нејзини членови киднапираа 276 ученички од малото гратче Чибок. Грубото грабнување предизвика глобален гнев и распали кампања на социјалните медиуми под хаштагот #BringBackOurGirls. Но, ова направи малку за да се сопре однесувањето на оваа организација. Војната на Боко Харам со нигеријската влада продолжува незапирливо и досега загинаа повеќе од десет илјади луѓе во текот на изминатите 12 месеци. А девојчињата сеуште не се пронајдени.

Ебола

Оваа брутална и многу заразна болест првпат се појави во 1976 година кога имаше две епидемии во африканските држави Судан и Демократска Република Конго. Од тогаш имало неколку периодични епидемии – но ниту една како онаа која во 2014 се прошири во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Имаше многу забележени случаи, околу 18,000, и повеќе од 6,300 починувања во сегашната епидемија отколку во сите досега заедно, според податоци од Светската здравствена организација. Таа стигна и до САД, преку маж од Либерија кој почина во Далас откако зарази две медицински сестри, и распали бран од хистерија во јавноста. Тој страв беше смирен во однос на случаите во САД со ставање под контрола. Но болеста сеуште дивее низ Африка.

Фергусон

Ова мало предградие во северниот дел од Сент Луис стана озогласено познато во август 2014, кога локален бел полицаец со име Дарен Вилсон пукаше и го уби 18-годишник Мајкл Браун, кој беше црн и невооружен. Додека телото на Браун сеуште лежеше на улицата, луѓето почнаа да демонстрираат. Тие кои протестираа тврдеа дека Браун бил со дигнати рацете во вис кога бил убиен, што предизвика насилства кои за неколку часа се претворија во безредија, и доведе до силно разбивање од властите. Вознемирувачките настани распалија национална дебата околу употребата на сила од страна на полицијата, за милитаризацијата на локалните споведувачи на законот, и за расизмот во криминалниот судски систем. Бунтот го натера главниот јавен обвинител Ерик Холдер да покрене иницијатива за подобрување на довербата помеѓу полицијата и локалните заедници. Во ноември големата порота одби да го проглси Вилсон за виновен, што предизвика уште пожестоки немири.

Предизвикот кофа со студена вода

Се почна како добронамерен начин да се соберат пари за борба против Амиотрофната латерална склероза од семејството и пријателите на Пит Фрејтс, поранешен бејзбол играч на Бостон колеџот, кај кого била дијагностицирана дегенеративната болест во 2012 година. Концептот да се соберат донации за Асоцијацијата АЛС со истурање на кофа со студена вода на глава, во 2014 ги освои социјалните медиуми до точка кога видоеоснимките наречени „предизвик“ – направени од пријатели или познати личности – беше тешко да се избегнат. Жестоките критичари го опишаа предизвикот кофа со студена вода како измама, но резултатите беа многу реални: само во август беа собрани 100 милиони долари од донации за Асоцијацијата АЛС, што е повеќе од 30 пати од тоа колку организацијата редовно собира за еден месец.

ИДИЛ

Исламската држава во Ирак и Сирија, позната и како Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ), или само како Исламска држава, беше официјално формирана во 2013, но се изроди од бројни движења кои се појавија по американската инвазија на Ирак и по нападите на сиријската влада врз бунтовниците. Таа оперираше под сенката на Ал Каеда се до 2014, кога две групи се отцепија и ИДИЛ најави создавање на безграничен калифат со својот лидер, Абу Омар ал-Багдади на чело. Одлично организирана и вознемирувачки насилна, ИДИЛ ја презема контролата над големи територии во Ирак и Сирија, и ја презема одговорноста за снимените обезглавувања на пет западни граѓани, меѓу кои и американските новиари Џејмс Фоули и Стивен Сотлоф.

Малезија ерлјанс

Ова беше ужасна година за Малезија ерлјанс, која во 2014 стана симбол за фатални катастрофи. Во март, авион на летот МХ370 исчезна од радарите додека превезуваше 239 луѓе од Куала Лумпур до Пекинг. Потрагата го обзема светот, додека истражителте се нурнуваа во океанските длабочини, но излегуваа со празни раце. Четири месеци по исчезнувањето на МХ370, летот МХ17 на Малезија ерлајнс се урна врз од војна растурената Украина на 17 јули, кога загинаа 278 патници и членови на екипажот. Истражителите веруваат дека авионот бил урнат со проектил земја-воздух испален од проруската бунтовничка територија. И двете истраги продолжуваат.

Моне Дејвис

Тринаесетгодишното девојче од Филаделфија која исфрла безбол топка со брзина од 70 милји на час, стана првата играчка од Малата лига која се појави на насловната страна на „Спортс илустрејтед“ во 2014, по нејзината мајсторска игра во рамките на Светскиот шампионат на Малата лига. (Во насловот стоеше „Моне: запомнете го нејзиниот име“). Незиниот тим Тејни Драгонс не стигна до финалето, но Дејвис веднаш стана икона и го изведе фрлање на првата топка на почетокот на сезоната за Лос Анџелес Доџерс, и на четвртиот натпревар од Светскиот куп во Сан Франциско. А за Салата на славните во безболот таа го остапи својот дрес.

Убер

Ова е глобално прифатен апликација за пронаоѓање на превоз која сите ја сакаат – и мразат. Убер, кој започна во Сан Франциско пред четири години, во 2014 експлодира неговата популарност, но по голема цена. Некои службени лицат тврдат дека компанијата е всушност нелиценцирана такси служба. Возачите се жалат во врска со платите и нефер третманот. Новниарите ја обвинија компанијата за агресивното таргетирање врз конкуренцијата и за следење на патниците и возачите. Извршниот директор Емил Мајкл наводно се заканил дека ќе објави валкан нешта за иовинарите кои пишуваат негативни работи за Убер. Но компанијата продолжува да се тркала. Инвеститорите продолжуваат да истураат милијарди долари во компанијата која ја достигна вредноста од 18,2 милијарди долари. Меѓу инвеститорите се и Гугл, која ги интегрираше Убер во Гугл мапс. И покрај лошиот публицитет, Убер не покажува никакви знаци на исчезнување.

Вајпинг

Вајпинг (вдишување чад) е новоискован термин за пушење на е-цигара, при што се загрева течен никотинна пареа која потоа се вдишува и која не остава смрдливи облаци како тутунот. Направата беше измислена во Кина во 2003 како алатка за откажување од пушењето, и пристигна во САД три години подоцна. Но, стана широко распространета во 2014 и како одговор на тоа американската Админстрација за храна и лекови вети дека ќе побара начин како да ги регулира. Нејзините бранители велат дека е-цигарата може да им помогне на луѓето да се откажат од традиционалните цигари. Но, противниците, меѓу кои се и Америкнската асоцијација за срце, велат дека направата може да има спротивен ефект, да ги навлече луѓето на никотин и да ги натера да користат и други тутунски производи.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски