Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Од:

Јужна Кореја трет ден по ред е погодена од поројни поплави и одрони, поради што стотици луѓе се евакуирани. Според Министерството за внатрешни работи и безбедност, околу 882 лица биле евакуирани низ целата земја, но се очекува бројот на евакуирани да се зголеми бидејќи браната во северната провинција Чунгчеонг се преполнила со вода.

Локалните власти наредија евакуација на повеќе од 7.000 луѓе. Повеќе од 2.700 тони вода во секунда влегоа во браната Гоесан, што е максимална количина на вода што може да се испушти. Во целата земја има два смртни случаи, а едно лице се води за исчезнат.

Корејската железница (KORAIL) соопшти дека ги суспендира сите бавни возови и некои брзи возови, како и дека другите брзи возови може да доцнат поради побавно работење, бидејќи лизгањето на земјиштето, поплавите и паѓањето на камења на шините ја загрозуваат безбедноста.

Доцна во четвртокот, бавен воз излета од шините во северната провинција Чунгчеонг, соопшти Министерството за транспорт. Во возилото немало патници, но машиновозачот е повреден. На состанокот со владините агенции, премиерот Хан Дак-Су ја повика војската активно да се вклучи во активностите за спасување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја