Поплави и свлечишта на северот на Индија, повеќе од 22 лица загинаа

Од:

Обилните дождови низ северна Индија предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во кои загинаа најмалку 22 лица, соопштија властите и локалните медиуми.

Училиштата во Њу Делхи беа затворени по обилните дождови што го зафатија главниот град во текот на викендот, а властите во хималајските држави Химачал Прадеш и Утараханд побараа од луѓето да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно.

Најмалку 22 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиште во северните држави Химачал Прадеш, Утараханд, Утар Прадеш, Џаму и Кашмир и Пенџаб, објави весникот „Тајмс оф Индија“.

Поплавите во северната држава Химачал Прадеш доведоа до уривање на мост и неколку згради во текот на викендот. Властите користеле хеликоптери за да ги спасат луѓето заглавени на патиштата и мостовите поради дождот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач