Помпео пристигна во Египет во рамки на турнејата на Блискиот Исток

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео пристигна денеска во Каиро на разговори со египетските лидери додека ја продолжува турнејата по земјите од Блиски Исток, која има за цел да ги убеди американските арапски партнери дека администрацијата на Трамп не се откажува од тој регион.

Во ек на конфузијата во врска со плановите на администрацијата за повлекување на американските сили од Сирија, Помпео ќе се сретне со египетскиот претседател и министерот за надворешни работи за да разговараат за безбедносна и економска соработка.

Тој, исто така, ќе одржи говор за пошироките цели на Вашингтон на Блискиот Исток.

Помпео пристигна во Египет, по посетата на Јордан и Ирак, каде што се обиде да ги увери лидерите на тие земји дека повлекувањето на американските сили од Сирија, не значи дека САД се откажуваат од борбата против радикалната група Исламска држава, ниту дека се намалува притисокот врз Иран.

Помпео од Египет ќе отпатува во заливските арапски земји за да им даде слични гаранции.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД