Помпео ја обвини Кина дека не споделува информации за новиот коронавирус

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ги остава САД „зад линијата“ додека се обидува да ја спречи епидемијата на новиот коронавирус.

Помпео во интервју за Си-ен-би-си истакна дека е „неверојатно фрустрирачки“ да се соработува со кинеската Влада за добивање на податоци за новиот коронавирус, што би можело да помогне во пронаоѓањето на вакцина.

– Не заборавајте, ова е коронавирус од Вухан кој предизвика епидемија, а информациите кои ги добивме не беа совршени и не доведоа до ова позиција. Тоа не е начин на кој би требало да се работи. Тоа не е начин на кој Америка работи, неопходни се транспарентност, отвореност и делење на информации, посочи Помпео.

Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека 21 човек на крузерот „Гранд принсес“, на кој не му е дозволен влез во заливот Сан Франциско, се позитивни на Ковид-19.

На бродот има повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот. Инфицирани се 19 членови на екипажот и двајца патници.

Пенс истакна дека крузерот ќе биде упатени во „некомерцијалниот“ дел на пристаништето каде сите патници и членови на екипажот ќе бидат тестирани, а потоа ќе бидат испратени во карантин.

Трамп истакна дека повеќе би сакал патниците да останат на крузерот.

– Лично повеќе би сакал да останат, но во целост ги разбирам ако сакат да се симнат, посочи Трамп.

Во САД вчера беа пријавени 57 нови инфицирани лица со Ковид-19. Првпат има во Колорадо, Мериленд, Тенеси и Тексас како и во Сан Франциско. Со што бројката на заразени се искачи на 230, од кои 12 починаа.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ