Помош од ОН за жртвите на циклонот Харолд во јужниот Пацифик

Од:

ОН одлучија да издвојат 2,5 милиони долари од фондот за итни случаи, за да им помогнат на илјадници луѓе во јужната пацифичка островска држава Вануату, која беше погодена од циклонот Харолд.

За време на циклонското невреме на 6 април имаше неколку свлечишта на најголемиот остров Еспириту Санто, а беа погодени и Соломонските острови, Фиџи и Тонга.

Според локалните медиуми, во невремето загинале повеќе од 20 луѓе, а уништени се повеќе куќи, згради и земјоделски култури.

Во соопштението на претставникот на ОН, Стефан Дујариц, се истакнува дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изразил „длабоко сочувство со жителите на јужните пацифички острови“ и ја изразил својата подготвеност да ја поддржи обновата на уништената нација.

Во извештајот на локалната канцеларија на ОН во Вануату, се проценува дека околу 90 проценти од жителите на провинцијата Санма, која беше најпогодена, останале без покрив над главата.

Би можело да ве интересира

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили

(ВИДЕО) Бројот на загинати од циклонот „Фреди“ се искачи на повеќе од 1.000 луѓе

Силен земјотрес во јужниот дел на Пацификот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Циклонот „Фреди“ однесе над 200 животи

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

А1он