Полските судии со полчасовен штрајк против нацрт-законот за реформа на Националниот судиски совет

Од:

Полските судии денеска направија полчасовна пауза во судските рочишта во знак на протест против плановите на Владата за промена на статусот на највисокото судско тело во земјата.

Многу полски судии се согласуваат дека во судството треба да се извршат реформи со цел да стане поефикасно и да се забрза процесот за разгледување на предметите. Тие, сепак, се против подготвените промени во Националниот судски совет, бидејќи, според нив, работењето се става под политичка контрола.

Нацрт-законот, што во моментов се разгледува во Сејмот, предвидува Парламентот да именува 15 од 25-те членови на Националниот судски совет.

Актуелните 15 судии, кои досега беа избирани од судска комисија, треба да бидат отстранети од телото во моментот на стапувањето на законот во сила.

Доколку биде подложен на гласање, владиниот нацрт-закон веројатно ќе биде усвоен, бидејќи владејачката партија Право и правда има апсолутно мнозинство во полскиот Парламент.

Денеска полските судии направија полчасовна пауза за да учествуваат во специјално организирани протести.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад