Полскиот Сенат ја одобри спорната реформа на Врховниот суд

Од:

Горниот дом на полскиот Парламент – Сенатот, во кој доминираат конзервативците, во текот на ноќта ја одобри спорната реформа на Врховниот суд и покрај предупредувањата на ЕУ, повиците на Вашингтон и масовните улични протести низ земјата, пренесоа француските медиуми.

Законот, што во средата беше усвоен во Долниот дом, ноќеска беше поддржан од 55 сенатори наспротив 23 против. Двајца сенатори се воздржаа од гласање.

За време на дебатата, што траеше цели 15 часа, илјадници демонстранти од цела Полска демонстрираа против законот, со кој се засилува политичката контрола врз Врховниот суд.

По гласањето демонстрантите кои беа пред Парламентот почнаа да скандираат „Внимание“, „Предавници“ и „Демократија“.

Околу 200 демонстранти се собраа и пред летната резиденција на полскиот претседател Анджеј Дуда во Јурата, на Балтичко Море, за да го повикаат да не го потпишува законот.

За да влезе во сила, законот треба да биде потпишан и од Дуда, кој прифати во понеделник, на 24 јули, да се сретне со претседателката на Врховниот суд, Малгожата Герсдорф.

Шефот на државата располага со рок од 21 ден за да го стави својот потпис под него, да стави вето врз законот, или доколку има сомневања – да го испрати пред уставниот суд.

Уште два закона за судски реформи, изгласини на 12 јули, очекуваат потписи од шефот на државата.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад