Полскиот Парламент го усвои контроверзниот закон за медиуми

Од:

Полскиот парламент усвои закон за медиуми за кој критичарите велат дека е првенствено насочен против телевизискиот канал ТВН24, во сопственост на американскиот медиум Дискавери, што може да доведе до дипломатски спор со САД. Законот, кој не беше на распоредот за гласање, но беше вклучен во последен момент, сега претстои да биде потпишан претседателот Анджеј Дуда.

Пратениците од опозицијата тврдат дека гласањето е одржано надвор од процедурата, и затоа е незаконско и ги крши демократските стандарди. Тие предупредуваат и дека промената на правилата за странска сопственост ќе ја отежне работата на информативниот канал ТВН24 на американската медиумска куќа Дискавери.

Предложениот закон на почетокот на годината предизвика кавга меѓу Полска и САД, а освен од Вашингтон, доби критики и од Европската унија.

Владејачката Конзервативна партија на правото и правдата (ПиС) тврди дека законот има за цел да ги спречи земјите како Русија и Кина да влијаат врз полските медиуми.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата