Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Од:

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави денеска дека Русија во моментов не може да нападне друга земја бидејќи е вклучена во војната со Украина, но дека треба да се подготви за нова руска агресија до 2030 година.

„Русија во моментов не е во состојба да ја победи самата Украина, па нема да биде подготвена за поширока офанзива веднаш. Но, ако Украина беше принудена да капитулира, ако, на пример, Русија ги зазеде украинските индустриски и човечки ресурси, украинската армија, најголемата армија на наша страна во Европа, тогаш оваа пресметка би се променила“, изјави Сикорски.

Според него, до крајот на деценијата треба да се подготвиме за агресија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин стана попопустлив во однос на Украина

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година