Полската Влада ќе ги продолжи реформите на судскиот систем

Од:

Полската конзервативна Влада соопшти синоќа дека ќе ја продолжи оспоруваната реформа на судскиот систем и покрај ветото на два од трите закони за реформирањето, ставено од претседателот Анджеј Дуда.

– Нема да потклекнеме на притисокот од улицата и странство, изјави премиерот Беата Шилдо како одговор на ветото, кое претседателот го стави вчера изутрината.

Таа наведе три принципи на кои треба задолжително да се засновааат реформите: судиите, осомничени за корупција треба да си заминат, за оние кои се корумпирани, а кои „денеска се недопирливи“ треба да бидат воведени дисциплински мерки и луѓето треба да ја вратат контролата врз судовите.

Пред претседателската палата во Варшава синоќа повторно се собраа незадоволни граѓани, кои побараа и трето вето на законот за обичните судови, кој претседателот одлучи да го потпише.

Друг протест имаше пред Врховниот суд, чија претседателка Малгожата Герсдорф им се заблагодарни на луѓето за поддршката.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад