Полска сака ЕУ сериозно да го сфати нејзиното вето

Од:

Полска сака ЕУ сериозно да го сфати ветото на Варшава и Будимпешта и да продолжи да бара компромисно решение, изјави министерот за надворешни работи Жбињев Рау.

Рау рече дека Полска има конкретни сомнежи во врска со оваа специфична ситуација и оти бара сериозно да се сфати нејзиното вето, јави полската државна новинска агенција ПАП.

– Очекуваме одговор на нашето вето и понатамошно барање компромис, истакна полскиот министер.

Тој рече дека предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Полска и Унгарија да побараат објаснување од Европскиот врховен суд за поврзаноста на владеењето на правото и исплатата на средствата, не одговорил на нивните сомнежи.

Унгарскиот и полскиот премиер, Виктор Орбан и Матеуш Моравјецки вчера изјавија дека Унгарија и Полска остануваат на својот став дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до парите од европскиот буџет и европскиот план за обнова, освен ако не се смени основниот документ на Европска Унија.

Орбан и Моравјецки предложија решавање на блокадата во две фази. Првата фаза е парите да се стават на располагање на земјите, а подоцна да се одлучува дали треба да се поврзат владеењето на правото и финансиските интереси на ЕУ и европскиот план за обнова.

Унгарија и Полска минатата недела ставија вето на најновиот повеќегодишен буџет на ЕУ и на планот за обнова. Тие се против механизмот кој дозволува да бидат лишени од средствата во случај на кршење на владеењето на правото (независно судство, политика против корупцијата), оценувајќи го како напад врз нивната независност.

– Предлогот што е на маса е неприфатлив за Унгарија. И да биде јасно како што пишува во декларацијата ние ќе ги обединиме силите во овој спор. Унгарија нема да прифати предлог што е неприфатлив за Полска и обратно, истакна Орбан.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад