Полска размислува за забрана за употреба на производите на „Хуавеј“

Од:

Полска би можела да ја разгледа можноста за забрана за употреба на производите на кинеската компанија „Хуавеј“ во државните институции, изјави денеска претставникот на полските власти задолжен за безбедноста на Интеренет, Карол Оконски.

Тој истакна дека полската Влада, исто така, може да го заостри и Законот кој ќе им овозможи на властите да ја ограничат достапноста на производите на која било компанија за која сметаат дека претставува закана по безбедноста.

Оконски нагласи дека, по апсењето на службеникот на „Хуевеј“ поради шпионажа, не е потребно да се преземаат драстични измени на политиката кон кинеската компанија, но дека е можно да се направи ревизија на употребата на производите на „Хуавеј“ во државните институции.

– Ќе извршиме анализа дали нашата одлука би можела да го опфати и прекинот на употреба на производите на „Хуавеј“. Немаме правни начини да ги принудиме приватните компании или граѓаните да не ги користат производите на таа компанија. Не може да се отфрли можноста за разгледување на измената на регулативата која ќе ни овозможи сличен чекор, додаде Оконски.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад