Полска може да биде казнета со 300.000 евра дневно ако го усвои спорниот закон за судски реформи

Од:

Европската комисија може парично да ја казни Полска доколку земјата го усвои спорниот закон за реформи во судскиот систем.

Полските медиуми денеска објавија дека казната „може да достигне 300.000 евра дневно по стапувањето во сила на тој закон“, со кој се нарушува законодавството на ЕУ.

Сепак медиумите наведуваат дека изрекувањето на толку висока казна не е едногласно одобрена од сите земји членки на Унијата.

Според ЕК, вчера усвоениот предлог-закон од страна на полските пратеници за судски реформи ја намалува независноста на судскиот систем и го става под контрола на политичарите.

Во сите поголеми градови во Полска вчера се одржаа масовни протести поради планираните реформи. Само во Варшава учествуваа повеќе од 50.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад