Полска ќе им забрани на државните службеници од пред 1989 година да работат како дипломати

Од:

Полската Влада подготвува предлог-измени во законот за дипломатска служба, чија цел е да бидат исклучени од соодветните структури службеници, кои работеле во Министерството за надворешни работи и други државни агенции во периодот пред 1989 година.

– Подготвените измени ќе овозможат да се избегне останувањето на работа и идно назначување на луѓе, кои соработувале со државниот апарат пред 1989 година, се наведува во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.

Шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски нагласи дека во Министерството се уште има неколку десетици службеници кои го завршиле своето високо образование на Московскиот државен универзитет за меѓународни односи и според него таа состојба треба да се измени.

– Во изминатите 28 години израсна нова генерација Полјаци. Дојде време тие луѓе, кои не го носат бремето од минатото, да ја претставуваат Полска во светот, смета Министерството за надворешни работи во Варшава.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад