Полска алармира: Слабата и разделена Европа го губи кредибилитетот

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денес повика на континуирано вооружување на Европа, наведувајќи дека „никој нема сериозно да ја сфати слабата и поделена Европа – ниту непријател ниту сојузник“, со порака дека е време Европа да верува во сопствената сила.

– Мора да останеме обединети како никогаш досега. Еден за сите, сите за еден. Инаку, ние сме готови, рече Туск во објава на социјалната мрежа X.

Туск претходно ја истакна воената модернизација на Полска во своето новогодишно обраќање, истакнувајќи дека земјата гради „најголемата модерна армија во ЕУ за да ги заштити Полска и Европа од Истокот“.

Полскиот премиер, исто така, нагласи „безбедна и цврста источна граница“ и „одговорна и строга политика за азил“, за која рече дека довело до „намалување на бројот на мигранти што ги преминуваат нашите граници за повеќе од 90 проценти“.

Тој, исто така, зборуваше за „ефикасна и строга“ политика против криминалот, благодарение на која, рече тој, полските власти можат да „ловат криминалци, вклучително и саботери испратени од Русија“.

Тој потсети на поддршката на Полска за Украина, истакнувајќи ја солидарноста покажана кон приближно двата милиони Украинци кои пристигнаа во земјата откако Русија започна целосна инвазија во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Европа му одговори на Трамп: Гренланд му припаѓа на неговиот народ и за тоа се прашува Данска

Предраг Петровиќ

Амбициозна порака од Туск: Балтикот стана стратешки приоритет за Полска

(ВИДЕО) Снежна бура во Полска, луѓе се заробени во автомобили на автопат

Горан Наумовски

Туск: Америка е подготвена да распореди војници во Украина

Туск: Навроцки уште еднаш го идентификуваше Западот како главна закана за Полска

Горан Наумовски

Полскиот претседател го обвини Зеленски: Не ја цените доволно нашата помош за Украина

А1он