Половина од Русите стравуваат дека тензиите во Сирија би прераснале во трета светска војна

Од:

Речиси 50 проценти од Русите стравуваат дека воената кампања на Москва во Сирија може да предизвика трета светска војна, покажуваат резултатите од анкетата на „Левада центра“.

Според анкетата, 48 отсто од испитаниците изјавиле дека се загрижени оти „тензиите во односите меѓу Русија и Западот може да прераснат“ во трета светска војна. Во јули минатата година нивниот процент бил 29.

Триесет и два отсто од Русите изјавиле дека воздушнитe напади во Сирија негативно влијаеле на тоа како другите држави ја гледаат Русија. Но, сепак, 52 проценти изјавиле дека ги поддржуваат воздушните напади, додека 26 се изјасниле против.

На прашањето дали Русија треба да продолжи со интервенциите во Сирија, 49 отсто од испитаниците изјавиле дека би требало, додека 28 отсто се изјасниле против.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија