Полјак запали општински социјален центар, загина службеничка

Од:

Постар Полјак кој останал без право за социјална помош најверојатно се одмаздил вчера така што во општинскиот центар за социјална помош подметнал пожар во кој загина една службеничка, а четири луѓе се хоспитализирани.

Имено, 62-годишниот маж го полил ходникот на првиот спрат во Центарот за социјална помош во Маково близу Варшава со запаллива течност и предизвикал пожар.

Една од повредените е во критична состојба. Полицијата подоцна го приведе човекот кој го подметнал пожарот.

Според неофицијалните податоци на полски медиуми, тој Полјак го запалил Центарот гневен поради тоа што останал без социјална помош, а не е исклучено дека со запалливата течност ги полил и службеничките во центарот.

Би можело да ве интересира

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија