Политико: Полска е на пат да стане најголемата воена сила во Европа

Од:

Полска сака да постигне воена супериорност во континентална Европа, а за да го постигне тоа ќе набавува големи количини оружје од Јужна Кореја. Кога залутана ракета падна во мал полски град на границата со Украина минатата недела, при што загинаа две лица, многу европски функционери беа загрижени за тоа како ќе реагира полската влада доколку се покаже дека Русите ја лансирале ракетата, пишува Политико.

Сепак, Варшава покажа смиреност во тие моменти. Ја ставија војската во состојба на готовност, но чекаа да откријат што навистина се случило пред да направат нешто. Се испостави дека залутаната ракета била испукана од Украина за да се одбрани од руските напади.

Полска и САД сè повеќе соработуваат

Во целата оваа ситуација, европските државници игнорираа еден важен факт, а тоа е дека Полска веројатно ја има најдобрата армија во Европа и нема причина за избрзани потези.

„Полската армија мора да биде толку силна што воопшто нема да треба да се бори“, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Денот на полската независност. Ваквата промена во односот на Полска ја забележаа и САД, нивниот најверен сојузник.

„Полска стана наш најважен партнер во континентална Европа“, рече висок американски воен претставник за Европа, коментирајќи ја клучната улога на Полска во поддршката на Украина и зајакнувањето на одбраната на НАТО на Балтикот.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад