Полиичка бура во Индонезија поради номинацијата на Сухарто за национален херој

Од:

Предлогот поранешниот претседател Сухарто во Индонезија да биде прогласен за национален херој предизвика остри полемики меѓу политичарите и бура во јавното мислење. За предлогот, кој е во парламентарна процедура, ќе се расправа кон крајот на годинава.

Сухарто, кој го предводеше генералскиот пуч во државата во 1967, при што загинаа над 600.000, а затворени повеќе од 1,5 лица прогласени за левичари, со Индонезија раководеше 32 години. Веднаш по повлекувањето од политиката, во домашната јавност беше прифатена меѓународната оценка дека владеел како диктатор.

Пратеникот во Парламентот на Индонезија Акбар Фаизал за денешните изданија на медиумите изјави дека е тешко да се опишат ликот и делото на Сухарто. Тој, вели пратеникот Фаизал, упрауваше со државата со железна тупаница, не дозволуваше спротивно мислење, но имаше успешна економска политика. Видниот политичар го споредува владеењето на Сухарто со редица африкански диктатори, но за нив додава дека ги опустошиле економиите на своите држави.

Покрај обвинувањаата дека Сухарто владеел со железна тупаница и ги елиминирал неистомислениците на сите ниво, дури и во селата, потсетуваат дека семејството на поранешниот диктатор, со „правилото’’ за нив секој инвеститор во кеш да им исплати 10 посто од парите, ја вовеле корупцијата како стил на живеење во тогаш 197, а сега 256 милионска држава.

Поддржувачите на идејата Сухарто да остане запаметен како херој на Индонезија, меѓу кои и еден од потпретсеателите на Парламентот Фахри Хамзах барат да се заборават грешките и да се посвети внимание на постигнатото во економијата, особено во развојот на инфраструктурата.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници