Полициски час во Перу по серијата насилни протести

Од:

По насилните протести во областа Пуно во југоисточниот дел на Перу во кои загинаа најмалку 17 лица, властите воведоа полициски час. Перуанскиот премиер Алберт Отароли сооошти дека полицискиот час од 20:00 до 4:00 часот по локално време ќе биде во сила наредните три дена.

Повеќе од 68 лица се повредени во градот Хулиака, местото на последниот и еден од најтешките судири меѓу полицијата и приврзаниците на поранешниот претседател, Педро Кастиљо, кој минатиот месец беше уапсен поради обид за распуштање на Конгресот.

Поддржувачите на поранешниот претседател бараат новата претседателка на државата, Дина Болуарте, да поднесе оставка и да се распишат предвремени избори.

Перу со години е во политички превирања, а последната криза дојде откако Кастиљо минатиот декември објави дека го распушта Конгресот и воведува вонредна состојба, но Конгресот со големо мнозинство гласаше за негово отповикување. Кастиљо моментално е во притвор и под истрага под обвинение за бунт и заговор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска