Полицијата во Каталонија почна со запленување на материјал за гласање

Од:

Гласањето на референдумот за независност на Каталонија почна денеска на голем број избирачки места.

На дел од нив полицијата се обидува да ги спречи луѓето да гласаат, а на одделни места се регистрирани инциденти.

Националната полиција успеа да затвори околу 15 избирачки места и да заплени материјал за гласање.

– Шпанската полиција почна со запленување гласачки кутии и изборни ливчиња за референдумот за независност на Каталонија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Шпанија. Тоа се случува во момент кога почна гласањето на референдумот.

Специјалци од шпанската полиција се судрија со гласачи на неколку места во Барселона.

Демонстранти низ улиците на тој каталонски град извикуваат „ние сме луѓе на мирот“ и „не се плашиме“. На голем број места во градот се забележливи амбулантни возила.

Во Барселона каде денеска почна гласањето на референдумот за независност се рапсоредени и специјалци, објави на својата веб страна шпанскиот весник Ел Паис.

На видеото поставено на страната на медиумот се гледаат специјалци со опрема како спречуваат со сила гласачи да влезат на изборни места во училишта во Барселона.

Специјалци од националната полиција се распоредени откако каталонската Влада не ги затвори гласачките места во согласност со судска наредба.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски