Полицијата не откри ниту оружје ниту киднапери во Гент

Од:

Белгиската полиција денеска изврши голема операција во градот Гент, каде, како што претходно беше соопштено дека има заложничка драма, но на крај се покажа дека во станот немало ниту оружје ниту киднапери, изјави портпаролката на Обвинителството во Гент, Анеми Серлипан.

Таа истакна дека сега се проверува дали воопшто имало заложничка драма.

Утрово еден маж ја алармирал полицијата дека четворица мажи вооружени со Калашњикови влегле во станот и го киднапирале неговиот пријател.

– Досега нема индикации дека имало автоматски пушки Калашњиков или вооружени мажи во станот, истакна Серлипан, додавајќи дека никој не е уапсен.

Очевидци тврдат дека станот бил користен од нарко-дилери.

– Жртвата демантира дека била киднапирана пред полицијата. Продолжува распитот. Ќе се испита и мажот кој ја алармира полицијата, наведе Серлипан.

Таа истакна дека тројцата мажи кои биле извадени од зградата со кренати раце не се осомничени за никаков прекршок. Серлипан тврди дека тие живееле во зградата.

Обвинителството во Гент претходно соопшти дека имало заложничка драма.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски