Полицијата и затворите во Северна Ирска подготвени за Самитот Г-8

Од:

Полицијата, затворите и судовите во Северна Ирска се подготвени за справување со евентуалните демонстрации и улични немири, пред и за време одржувањето на самитот Г8, соопшетно е денеска во Белфаст.

Специјален, привремен центар за притворање на демонстранти е уреден во поранешната касарна на британската војска во Ома, постојано на дежурство ќе бидат 16 судии, како и голем број преведувачи.

Претставник на безбедносните служби во Северна Ирска објасни дека привремениот центар каде ќе се чуваат притворените лица има шест блока, со уредени ќелии во која ќе може да се сместат по 16 уапсени лица.

Ние сме подготвени, секој ден да се соочиме и со по 260 апсења, ако тоа биде потребно, за да се сместат тие луѓе и за да се изведат на суд, доколкутреба да се судат, изјави овој претставник.

Тој објасни дека во најлоша ситуација, уапсените ќе се носат во Белфаст и во другите градови во покраината, уверувајќи дека Северна Ирска има капацитети да се справи со една вонредна ситуација, доколку до неа дојде во текот на Самитот.

Самитот Г8 оваа година се одржува во Велика Бритаиија, а неговиот домаќин, британскиот премиер Дејвид Камерон одлучи тој да се одржи во Северна Ирска, во околината на градот Енискилен, во областа Фармана, во еден ексклузивен голф хотел.

Самитот на кој ќе учествуваат лидерите на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија и на домаќинот Велика Британија, ќе се оддржи на 17 и 18 јуни. Анархисти, ултра левичари и антикапиталисти се собираат на секој ваков самит, протестирајќи и предизвикувајќи немири и тепачки со полицијата на земјата домакин.

Велика Британија последен пат беше домаќин на Г8 во јули 2005 година. За време на Самитот, што тогаш се одржуваше во Шкотска, во Лондон четворица исламитички терористи изведоа самоубиствени бомбашки напади врз лондонското метро и еден градски автобус, убивајќи 52 лица.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он