Полицијата го соопшти идентитетот на напаѓачот од Лондон

Од:

Човекот за кој што се верува дека го извршил нападот вчера во центарот на Лондон од полицијата е идентификуван како Калид Масуд.

Масуд бил роден во Кент, Велика Британија, вчера бил застрелан при нападот, а иако претходно не бил дел од ниту една полициска истрага, имал неколку пресуди.

Исламска Држава презеде одговорност за нападот во Лондон, во кој што загинаа пет лица.

Масуд со автомобил прегазил пешаци на мостот Вестминистер пред да се забие со својот автомобил во оградата и со трчање се упатил кон зградата на Парламентот, вооружен со нож.

Тој успеал да прободе еден полицаец пред да биде застрелан.

Според полицијата немало претходни сознанија дека Масуд има намера да изведе напад, но бил познат на полицијата по претходни пресуди против него за нанесување физички повреди, поседување на оружје и прекршување на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник