Покрив на уништена фабрика во Турција падна врз луѓе, има мртви

Од:

Едно лице загина, а четворица се повредени кога врз нив се урна покрив од фабрика во Кахраманмарас, Турција.

Според медиумите, фабриката претрпе големи оштетувања во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на февруари.

Неколку лица денеска влегле во фабриката, наводно со намера да ја отстранат опремата која не била оштетена.

Во тој момент се урнал покривот.

Се верува дека покривот се урнал кога силен земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ја погодил блиската Малатија.

Турските медиуми јавуваат дека во последниот земјотрес имало нови уривања на згради и дека има луѓе кои се заробени под урнатините.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски