Покрената истрага против Гуаидо поради прекинот на електрична енергија

Од:

Државниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Саб денеска изјави дека покренал истрага против опозицискиот лидер Хуан Гуаидо под сомнение дека е вмешан во нападот врз системот за снабдување со електрична енергија.

Саб додаде дека прекините во снабдувањето со електрична енергија довело до зголемено насилство и кражби.

Прекините во снабдувањето со електрична енергија почнаа на 7 март, поради што поголемиот дел од земјата остана во мрак.

Претходно, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го обвини претседателот на САД, Доналд Трамп за кибер саботажа која доведе до прекин во снабдувањето со електрична енергија.

– Доналд Трамп е најодговорен за кибер напад врз венецуелскиот електроенергетски систем, изјави синоќа Мадуро, додавајќи оти таква технологија поседува само Владата на САД.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Мадуро: Илон Маск е непријател на Венецуела