Покачувањето на морското ниво загрозува 2.000 острови во Индонезискиот Архипелаг

Од:

Експертите предупредуваат дека покачувањето на нивото на морињата, предизвикано од глобалното затоплување, до 2050 година ќе потопи 2.000 од вкупно 17.350 острови во Индонезискиот Архипелаг.

Нивото на морето до 2050 година во овој дел на светот ќе се покачи за 90 сантиметри, а тоа ќе предизвика потопување на околу 42 милиони куќи лоцирани на морскиот брег и во внатрешноста на островите со мала надморска височина.

Екпертите од Министерството за поморство и риболов на Индонезија денеска соопштија дека промената на нивото на морето и затоплувањето на водата во морињата и океаните ќе предизвика и невообичаени миграции на водниот животински свет. Ако промените во природата продложат со вакво темпо, ќе се менува и календарот на риболовните сезони.

Министерот за поморство и рибарство Суси Пуѓиастути денеска објави и отворено писмо во кое апелира да се изработи програма за спречување на најавената катастрофа, но и на актуелните несреќи предизвикани од временските промени.

За да се оствари тоа, во следните 10 години потребно е во Индонезија да се образуваат повеќе од 10.000 експерти, кои во соработка со централната и регионалните власти ќе ги предлагаат и спроведуваат мерки за заштита.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници