Подољак: Русија почнува да ја разбира вистинската цена на војната

Од:

Русија почнува да ја разбира „вистинската цена на војната“ пред отпорот на Украина, така што преговорите меѓу двете страни почнуваат да стануваат конструктивни, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател.

Во изјава за канадскиот дневен весник „The Globe and Mail“, Подољак кажа дека почнува да се забележува мала промена во односот на Русија кон украинскиот отпор и меѓународните санкции.

-На самиот почеток на војната (Русите) инсистираа на целосна доминација. Тие не очекуваа таков силен отпор од Украина, рече Подољак.

„Тие почнуваат да ја разбираат вистинската цена на војната. Така, ние почнуваме да водиме конструктивни преговори“, додаде советникот на Зеленски, кој учествуваше во првите две рунди преговори меѓу Украина и Русија.

Третата рунда преговори е закажана за в понеделник, соопшти украинската делегација.

-Русите изгубија големи количества оружје и луѓе. Санкциите какви што никогаш не сме виделе ја уништуваат нивната економија. Нивната земја е одметник од меѓународната сцена и нивната пропаганда не функционира, додаде Подољак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород