Подобрување на односите меѓу Австралија и Индонезија

Од:

Индонезија и Австралија денеска на средбата на највисоко ниво се договорија да ги надминат проблемите во меѓусебните односи и да бараат нови, позитивни патишта за соработката.

Ова е основната порака на средбата меѓу претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудихјоно и австралискиот премиер Тони Абот што се одржа во Батам, на островот Риау.

Односите меѓу двете големи држави се заладија лани, кога индонезиската контраразузнавачка служба од информациите на Сноуден откри дека Австралијците неколку месеци ги прислушувале телефоните на претседателот Сусило Бамбанг, неговата сопруга и на неколкумина министри.

Џакарта го повлече својот амбасадор од Канбера, а запре и соработката на неколку заеднички проекти. Австралија, во меѓувреме, ја засили контролата на своите територијални води преку кои од индонезискиот архипелаг пристигнуваат имигранти, кои сакаат да дојдат и да останат во Австралија.

Неколкуте груби интервенции на австралиската крајбрежна стража во територијалните води на Индонезија предизвикаа гнев во индонезиските медиуми, така што се чинеше дека двата соседи се враќаат кон односите карактеристични за последните три децении на минатиот век, кога релациите ги имаа карактеристиките на студената војна.

Сомнеж дека односите и натаму се лоши додаде и откажувањето на договорената посета на Абот на Индонезија, на почетокот на мај.

Случајно или не индонезискиот претседател минатата недела, кога по телефон ги договараше деталите за средбата со австралискиот премиер, дозволи преку звучникот разговорот да го слуша и група новинари од Џакарта.

Оптимистичките изјави на конференцијата за новинарите нема да значи и крај на недоразбирањата. Индонезија инсистира со Австралија да се потпише „код на однесување“, кој ќе ги регулира билатералните односи во иднина, но краен договор за овој документ уште нема.

Австралискиот премиер Абот беше пооптимистичен и најави дека ова прашање сега многу полесно ќе го решат министрите за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе