Поднесени 20.765 листи со 902.465 кандидати за општинските избори во Франција

Од:

За општинските избори во Франција, што ќе се одржат на 15 и 22 ма, поднесени се 20.765 листи со 902.465 кандидати.

Бројот на кандидатурите е малку намален во однос на 2014 година, додека 106 општини немаат ниту листа на кандидати, ниту кандидати, јави дописникот на МИА.

Министерството за внатрешни работи на Франција наведе дека бројот на кандидатите е намален за три отсто во однос на 2014 година поради намалувањето на бројот на општините за приближно пет проценти.

Сто и шест општини немаат ниту листа, ниту кандидат, 102 се со помалку од 1.000 жители (во споредба ги имаше 61 во 2014 година) и четири во градови со повеќе од 1.000 жители (наспроти еден во 2014 година).

Истовремено, француското министерството за внатрешни работи соопшти дека префектурите сигнализирале дека десет од сите поднесени листи, можат да се наречат дека се на „заедници“ (религиозни или етнички), што претставува „капка вода“ меѓу 20.765 листи.

Во случај на непочитување на принципите на Републиката, министерот за внатрешни работи предупреди дека тие ќе бидат забранети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили