Поднесена првата тужба против „Боинг“ по падот на авионот на „Етиопиан ерлајнс“

Од:

Во американскиот федералниот суд денеска е поднесена првата тужба против компанијата „Боинг“, поради падот на авионот „Етиопиан ерлајнс“ 737 МАХ на 10 март годинава, кога загинаа 157 лица.

Тужбата до федералниот суд во Чикаго ја поднесе семејството на Џексон Мусони, државјанин на Руанда.

Како што е наведено во тужбата, „Боинг“, кој произведува авиони од типот 737 МАХ, имал неисправен дизајн на автоматизираниот систем на контролата на летот.

Од компанијата засега нема никакви изјави по повод тужбата.

Авионот на „Етиопиан ерлајнс“ се урна веднаш по полетувањето од Адис Абеба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел