Поделби во Ан Нур, наjголeмата исламистичка ултраконзервативна партија во Египет

Од:

Емад Абдул-Гафур, лидер на најголемата исламистичка ултраконзервативна партија во Египет, Ан Нур, вчера соопшти дека ќе формира нова политичка партија, отцепувајќи се од неговата досегашна салафистичката групација, што е втората политичка сила во земјата, пренесоа американските медиуми.

Ан Нур на минатогодишните парламентарни избори освои 25 проценти од пратеничките места, но од септември е растресена од внатрешна борба, откако некои од нејзините политички лидери се обидоа да се отргнат од контралата на салафитските духовници.

Абдер-Гафур, кој ја предводи Ан Нур, на митинг на салафисти и претставници на други исламистички партии, сооопшти дека главната парија Ал Ватан (татковина), чии главни принципи ќе бидат шеријатот, социјалната правда и почитувањето на човековото достоинство.

Абдел-Гафур, кој исто така е и претседателски советник, изјави дека повеќе од стотина членови на Ан Нур, меѓу кои и многу поранешни пратеници од вчера распуштениот парламент, ќе се вклучат во работата на новата партија.

Видниот телевизиски ултраконзервативен проповедник Хазем Абу Исмаил, поранешен кандидат за претседател на Египет, кој присуствуваше на митингот, соопшти дека исто така ќе формира нова партија и ќе учествува на парламентарните избори во коалиција со партијата на Абдел-Гафур.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски