Поддршка на Боко Харам станува кривично дело во Велика Британија

Од:

Поддршка на африканската исламистичка милитантна организација Боко Харам, како и на екстремистичката Минбар Ансар Ден во иднина ќе се третира како кривично дело во Велика Британија.

Во законски-предлог, што британскиот Хоум Офис го достави на усвојување до Парламентот, овие две радикални исламистички групи се забрануваат во Велика Британија.

Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј објасни дека законскиот предлог е изработен врз одредбите на законите за антитероризам.

Двата дома на британскиот Парламент за предлогот на Хоум Офисот се очекува да одлучуваат по забрзана постапка, па тој би можел да биде усвоен до крајот на оваа недела.

Прекршувањето на одредбите од овој закон, односно членување или агитирање за поддршка на овие две организации ќе се казнува со 5.000 фунти или затворска казна во траење до десет години.

Боко Харам дејствува во Нигерија и во делови од Западна Африка, додека Минбар Ансар Ден е стационирана на територијата на Велика Британија. Таа е позната и како Ансар ал Шарија УК и отворено го пропагира тероризмот и радикалниот ислам, главно користејки ги интернет страниците. Оваа британска муслиманска организација агитира за обука на младите во странство за терористиичка борба.

Исламистичката милитантна организација Боко Харам е позната во светот како една од групите поврзани во мрежата на Ал Каеда. Таа во Нигерија напаѓа христијани и странци, киднапира странски работници, а многу често е вклучена во разни терористички напади. Боко Харам, што во превод значи „забрана на западното образование“, ја предводи најбараниот криминалец во Нигерија, Абубакар Шекау.

Британските власти досега имаат забрането делувањето на 49 разни исламистички и милитантни организации и групи, меѓукои се и Ал Каеда, Ал Шабаб и Ислам за Ју-Кеј (Islam4UK).

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он