„Под урнатините 180.000 мртви“, мрачни предвидувања по земјотресот

Од:

Сè уште не е познат целиот обем на уништувањето предизвикано од двојните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ја погодија јужна Турција и северна Сирија.

Засега е познато дека бројот на загинати во тие две земји надмина 11.000, а оштетени се најмалку 6.000 згради, објави Економист.

Експертот за земјотреси Овгун Ахмет Ерџан проценува дека 180.000 или повеќе луѓе може да бидат заробени под урнатините, од кои речиси сите се најверојатно мртви.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во десет провинции кои беа потресени од земјотресите, каде живеат 13 милиони луѓе.

Адана, град со 1,8 милиони жители, се наоѓа во регионот погоден од катастрофата на југот на Турција, каде безброј станбени блокови се срамнети со земја. Југоисточно од таму, околу 100 километри, сцените се уште повеќе апокалиптични, особено во Искендерун, град на брегот на Средоземното Море, каде пожарот ги проголтува еден по друг бродските контејнери во градското пристаниште и ги исполнува околните планини со црн чад, а пожарникарите никаде ги нема.

Ситуацијата е катастрофална уште појужно во Антакија, место од 400.000 луѓе, каде практично сите згради се уништени, додека труповите се извлечени од урнатините, завиткани во теписи или ќебиња, нанижани покрај главниот пат, покрај повредените, кои чекаат итна помош.

Аеродромот во близина на тоа место беше затворен поради оштетување на пистата.

Од друга страна, во Сирија најмногу жртви има во Идлиб, провинција под контрола на бунтовниците на северозападот, како и во областа под контрола на режимот на Башар ал Асад. Обединетите нации соопштија дека најмалку 224 згради се уништени на северозапад, додека 325 се оштетени, а конечниот број веројатно ќе биде многу поголем.

Повеќето од луѓето во Идлиб се раселени од други области во Сирија и живеат во шатори или импровизирани куќи, а очевидци велат дека земјотресот погодил цели села. Белите шлемови, група за цивилна одбрана која работи во областа, за жал беа добро подготвени да одговорат, бидејќи поминаа години ископувајќи луѓе од урнатините за време на повеќегодишната војна во Сирија. Сепак, тие се многу малку, можеби околу 3.000 волонтери во регион со повеќе од четири милиони луѓе.

Турската војска, која има мали бази низ Идлиб, испрати спасувачки тимови, но надворешната поддршка веројатно бавно ќе пристигнува, и поради тоа што регионот е контролиран од бунтовнички групи и затоа што е тешко достапен, а околу 2,7 милиони луѓе во покраината се потпира на меѓународната помош што се транспортира преку границата.

На 7 февруари, ОН објавија дека прекуграничната помош е стопирана и не е јасно кога би можела да продолжи, што ќе ги забави сите напори за помош од земјотресот, вклучително и недостигот на храна, лекови и други основни добра за милиони луѓе.

Ништо подобра не е ситуацијата на територијата контролирана од режимот, но се чини дека е најлоша во Алепо, вториот по големина град во Сирија, но голема штета има и во Хама, провинција на југ, и Латакија.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски