Почна трката со бикови во Памплона

Од:

Неколку илјади лица се собраа денеска во центаот на Памплона на свеченото отворање на традиционалниот фестивал Сан Фермин, во светот попознат како трката со бикови.

Деветдневната фешта, во текот на која луѓето дење низ тесните улици на овој шпански град ќе се тркаат со биковите, а ноќе ќе се забавуваат, ја овековечи Ернест Хемингвеј во романот „Сонцето повторно се раѓа“ од 1924 година.

Како што пренесуваат американските медиуми, учесниците во фестивалот, традиционално облечени во бело со црвени шамии околу вратот, на пладне со собраа на главниот градски плоштад каде градоначалникот, со испукување плотун, фестивалот го прогласи за отворен.

Официјални претставници на северната шпанска покраина Навара соопштија дека  годинешниот фестивал ќе го обезбедуваат 3.500 полицајци. Ден претходно борците за заштита на правата на животните оддржаа протест, предупредувајќи дека секоја година, во текот на фестивалот, се убиваат 48 бикови. Со рацете обоени во црвено, активистите дефилираа низ градот носејќи натписи на различни јазици „Ти трчаш, а биковите умираат“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски