Почна Самитот во Русија

Од:

Во Санкт Петербург започна дводневнот самит на ЕУ и Русија. Шефот на најголемата држава на светот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се домаќини на европската делегација.

Целта на средбата е јакнење на партнерските односи помеѓу ЕУ и Руската Федерација, една од главните теми ќе биде и состојбата на меѓународен план, поточно ке се дискутира за насилствата во Сирија, сотојбата на Блискиот Исток и за иранската нуклеарна програма.

Најдобар темел за натамошна соработка можат да бидат новите билатерални договори во областа на економијата, финансиите и мобилноста на граѓаните.

Путин ќе оствари средба со претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпеј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и со шефицата на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон. Русија е трет најважен економски партнер на ЕУ, после САД и Кина.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални