Почина жената која беше спасена во Турција по 100 часа поминати под урнатините

Од:

Жената која беше извлечена од урнатините од тим германски спасувачи 100 часа по разорниот земјотрес во Кирхан, Турција, почина денеска како последица на повредите, соопшти германска невладина организација.

„Зејнеп почина синоќа. Таа вчера беше спасена од нејзината урната куќа повеќе од 100 часа по разорниот земјотрес“, напиша невладината организација „ИСАР Германија“ во порака на Твитер.

Нашиот тим е шокиран и тажен, велат од невладината специјализирана за помош на настраданите од природни катастрофи.

Спасената 40-годишна жена во петокот веднаш била преземена од лекарите.

Германските спасувачи вчера објаснија дека успеале да ѝ провлечат вода и сок низ сламка додека сè уште била закопана. Тие неколку дена одржуваа контакт со неа благодарение на мал отвор.

„Спасувањето беше многу комплицирано бидејќи беше многу тесно“, изјави портпаролот на невладината организација Стефан Хајне за AFP во петокот, опишувајќи ја работата на кршењето на каменот сантиметар по сантиметар.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски