Почина поранешниот премиер на Белгија

Од:

Раководството на белгиската Христијанско демократска партија ЦД-В, соопшти дека во 93-та година од својот живот починал поранешниот премиер на Белгија и претседател на ЕПП, Лео Тиндеманс, кој неколку пати беше и на министерска функција.

По доаѓањето на премиерската функција, овој непоколеблив федералист во 1974 година на европскиот самит во Париз бил задолжен да ги дефинира општите рамки на политичка изградба на Европа.

Тој во својот извештај од декември 1975 година, повикал на зајакнување на европските институции, тогашната ЕЕЗ (ЕУ) Комисија и Парламент, како и на воспоставување на економска и монетарна унија.

Тиндеманс во 1979 година при избор на евро пратеник добил 983 гласови, што и сега претставува рекорд во Европскиот парламент и најголем број гласови кои некогаш некој политичар ги добил на кои било избори во Белгија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски